Регулативи

Авторско дело

  • Авторско дело, во смисла на овој закон, е интелектуална и индивидуална творба од областа на книжевноста, науката и уметноста, изразена на кој било начин и форма;
  • Како авторско дело се смета и преработка на авторско дело, доколку ги исполнува условите определени со закон;
  • Автор, во смисла на овој закон, е физичкото лице кое го создало авторското дело. На авторот му припаѓа авторското право над неговото авторско дело со самото создавање на делото;

Доход од авторски и сродни права

  • Под доход од авторски и сродни права се подразбира надоместокот што го остварува обврзникот од авторски дела и предмети на сродни права уредени со Законот за авторското право и сродните права;
  • Обврзник на данокот на доход од авторски и сродни права е физичко лице кое остварува надоместок од авторски и сродни права;
  • Обврзник на данокот на доход од авторски и сродни права е и физичко лице наследник или носител на авторски и сродни права;
  • На обврзникот, наследник или носител, кому му е пренесено авторското право и предметот на сродните права согласно Закон, како трошоци му се признаваат само платените надоместоци од авторската агенција и на овластените лица за продажба и исплата на доходот.